ЕХФ како и секогаш прави избор на најдобар играч на секоја позиција преку гласање на фановите на официјалната интернет страница на Европската ракометна федерација.
Наш единствен претставник во ова гласање е капитенот Кире Лазаров, кој за позицијата најдобар десен бек ќе се бори против Хорхе Македа (Шпанија), Штефен Вајнхолд (Германија), Харалд Рајнкинд (Норвешка) и Јохан Јакобсон (Шведска). Гласањето ќе трае до сабота, а идеалниот тим ќе биде објавен наредниот ден на прес-конференција која ќе се одржи пред последните два дуела.
Гласајте за нашиот капитен ТУКА:
ФОТО:Филип Вирановски