РФМ договори соработка со Македонски Телеком, Лазаров оптимист од новото партнерство
Македонски Телеком на денешната прес-конференција, обелоденувајќи го партнерството со Ракометната Федерација на Македонија. На прес-конференцијата на презентацијата зборуваа првите луѓе Андреас Елснер и Живко Мукаетов и капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров.
„Сакам да се заблагодарам на новото партнерство и се надевам дека ќе биде успешно. Ова е нов почеток, пред нас е Европското првенство, сите сме желни, спремни за она што не очекува. Спремни го очекуваме од ЕП, спремни да се бориме против секого. Имаме искуство на вакви големи натпреварувања се надевам дека ќе останеме здрави, ќе не послужи и спортската среќа. Работевме максимално, да си посакаме здравје и среќа, да бидеме обединети како никогаш досега и да направиме добар резултат", изјави капитенот Лазаров.
В четврток наутро македонската репрезентација ќе отпатува за Загреб, каде што ќе игра во групата Б заедно со Германија, Словенија и Црна Гора.