Иако не настапи заради повреда против шпанците Кирил Лазаров на високото второ место на листата на стрелците го заврши настапот по втората групна фаза на европското првенство. Само Гудјон Валур Сигурдсон успеа да го мине со 10 гола против Данска и има реални шанси да биде најдобар стрелец, бидејќи има 12 гола повеќе од првиот ракометар кој останува до крајот на турнирот, Јоан Канељас од Шпанија.
Листа на стрелци:
1. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) 44
2. Кирил Лазаров (Македонија) 38
3. Сергеј Рутенка (Белорусија) 34
4. Јоан Канељас (Шпанија) 32
5. Виктор Томас (Шпанија) 29
6. Микел Хансен (Данска) 28
7. Иван Брука (Белорусија) 27