hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров не тренираше, Миркуловски и Јоноски со половина „гас„

danska-makedonija-51

Последниот тренинг кој е подготовка за мечот со Шпанија утре во 16 часот не носи пријатни вести за нашата репрезентација. Кирил Лазаров против Исланд играше со таблети против болка по повредата на десната препона која го мачи веќе 3-4 дена. Имено капитенот го пропушти тренингот пред мечот со Исланд, но „стегна заби„ и одигра одличен натпревар.

Но по мечот болките се интензивираа и денес повторно Лазаров не тренираше. Одлуката за неговиот настап ќе биде донесена утре на неколку часа пред натпреварот со Шпанија. Ацо Јоноски тренираше само во почетниот дел од тренингот, заради повредата на тетивата, а Филип Миркуловски исто така брзо го напушти тренингот, но впечатокот е дека тоа е превентивно и дека ќе настапи против Шпанија.

Share