ВИДЕО: Георгиевски: „Престиж е да се игра со светскиот првак„
За Гоце Георгиевски ова е прво европско првенство, откако минатата година имаше позитивен мундијал во Шпанија. Токму Шпанија е нашиот нареден противник, со кој ќе го завршиме нашиот европски самит со шест одиграни натпревари. По втор пат ќе играме со Шпанија на големите приредби откако во далечната 1998 година во Италија, загубивме од „црвената фурија„ со 19:26:
„Престиж е да се игра со светскиот првак, Шпанија. Видовме против Австрија дека не се истата репрезентација со која игравме во квалификациите, дека се ранливи и тука ја гледаме нашата шанса да ги изненадиме. Нивната одбрана не изгледа како кога игравме во Скопје и во Гвадалахара, а и го немаат Штербик кој знае да одбрани многу топки во еден натпревар„ Рече Георгиевски по денешниот репрезентативен ручек, а во пресрет на последниот наш тренинг во 18 часот во „Јуске Банк Боксен„ арената во Хернинг.