hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јиха: „Шокиран сум, не паметам кога вака сме биле надиграни„

filipjicha-600x448

Ни во Кил, ни во чешката репрезентација, Филип Јиха не навикнал да губи со 10 голови разлика. Поразот од Австрија може да остави психолошки траги врз чешкиот национален тим, а Македонија тоа треба да го искористи. Во истиот хотел „Скандик Реџина„ во Хернинг престојуваат сите четири репрезентации од А група, а за малкубројните чешки и македонски медиуми Филип Јиха рече:

„Ова е ново искуство за нас, не паметам кога последен пат сме загубиле со десет гола разлика. Шокиран сум, не знам што би додал, ќе треба да седнеме, да разговараме, да ги увидиме грешките и на следниот меч да излеземе далеку подобри, пофокусирани. Загубивме со десет гола разлика, не знам што повеќе да кажам. Мораме добро да се замислиме што се случи"истакна за чешките медиуми најдобриот нивни ракометар.

Share