ФОТО: Ракометната елита се пресели во Архус
Мечевите од Ц групата на европското првенство и покрак слабиот број навивачи од четирите земји учеснички во оваа група, привлече голем број ракометни имиња, познати фаци од светот на овој спорт. Јоаким Болдсен беше во улога на стручен коментатор на мечевите од оваа група.
Српскиот табор беше засилен со сите селектори на младинските категории, како и со легендарниот голман Зоран Џорџиќ, кој седеше веднаш зад клупата на Матиќ и Периќ, инаку негови бивши соиграчи и пријатели.
На трибините внимание привлече и капитенот на женслата репрезентација на Србија, Сања Дамјановиќ, а дел од српските новинари на оригинален начин ја бодреа својата репрезентација. Иако помала од салата во Хернинг „Енерџи Парк Арената„ во Архус одлично изгледаше со нешто повеќе од половична исполнетост.