Тренинг победи за Франција и Шведска
Последните два натпревари од вториот натпреварувачки ден, донесоа повеќе од рутински победи на Франција и Шведска против Русија и Црна Гора. Во Архус Клод Онеста со подмладен состав провери дека има потенцијал и во младите сили. Само во првите 10 минути Атман, Игрополу, Хорбок и другарите парираа а потоа се разигра Карабатиќ, младиот дебитант Ниокас постигна 9 гола, Гребиј додаде уште 4. „Триколорите„ оставија силен впечаток на нивното деби во Данска.
Финалните +7 веројатно се премала разлика по прикажаното. Кај Русија Ковалев со 6 и Игропуло со 5 гола можат да добијат преодна оценка. Во Копенхаген во арената крај Брондби, Шведска и се реваншира на Црна Гора на Зоран Кастратовиќ, за поразот во бараж двомечот за пласман на мундијалот во Шпанија. На крилата на Екдал Ду Риц, автор на 7 гола „трите круни„ водеа во текот на целиот меч со црногорците. Андерсон блескаше на голот, а само Шеваљевиќ со 5 гола, не беше доволен за подвиг. Очекуван расплет во двата вечерни натпревари на вториот натпреварувачки ден.