ВИДЕО: Миркуловски: „Уште не сум 100%, но живеам за вакви мечеви„
2013 година не ги штедеше нашите репрезентативци. Покрај изостаноците, но годината која ја испративме операции и подолги паузи имаа Дејан Манасков и Филип Миркуловски, а Гоце Георгиевски се здоби со скршеница. Токму Филип Миркуловски со задоволство се сеќава на последното соочување на Македонија и Чешка во Ниш пред две години, кога со пет постигнати гола од исто толку удари, беше еден од најзаслужните за нашата голема победа од шест разлика
„Добро се чувствувам, иако можам да кажам дека не сум сеуште 100% подготвен по операцијата и долгото отсуство. Но вакви мечеви посебно ме мотивираат и со нетрпение ги чекам. Го гледавме мечот Австрија - Чешка и мој впечаток е чесите одиграа многу под своите можности. Верувам во нашата репрезентација и ако бидеме одговорни и обединети, вечерва ќе се радуваме„ рече ракометарот на Металург во разговорот со новинарите во „Скандик Реџина„ хотелот во Хернинг. Нека биде седмиот официјален меѓусебен меч на Македонија и Чешка, ист како шестиот.