hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Од Ејс Јоноски до Ивица Обрајан

44445 472290589541783 131009034 n

На воведниот меч со Данска, официјалниот спикер имаше сериозни проблеми со изговорот на имињата и презимињата на нашите ракометари и членоци на стручниот штаб. Така Ацо Јоноски стана Ејс Јоноски, а селекторот Ивица Обрван за данците е Ивица Обрајан.

Не беше наједноставно да се изговорат и Брестовац и Миркуловски, но за мечот со Чешка, спикерот ќе добие инструкции за изговорот. Најчестите шеги беа на адреса на Јоноски и неговото данско име Ејс. Ова не е прв пат македонските имиња и презимиња да бидат причина за лапсус на официјалните спикери. Но она што одзвонува во ушите на нашите луѓе во Хернинг е изговорот на нашата татковина со уставното име - Република Македонија.

Share