Во прекрасната фан-зона веднаш во „Јуске Банк Боксен„ аренета во Хернинг веќе неколку часа се собираат навивачи од четирите земји во А групата на европското првенство.
Македонските фанови во солиден број пристигнаа околу 17 часот. Се слушаа македонските навивачки песни,колоритот беше црвено-жолт и со сигурно на трибините ќе има повеќе македонски од чешки навивачи.
Данските навивачи веројатно за време на нашиот меч повеќе ќе ги има во фан-зоната одколку на мечот Македонија - Чешка.
Подоцна нема да има празно столче за мечот Данска - Австрија по кој и математички ќе може да промовираме една или повеќе репрезентации за патници во втората групна фаза.