Со оглед на тоа што ги завршија сите активности кон седмата сила по мечот со Чешка, македонските репрезентативци од првиот ред го следеа надигрувањето на Данска и Австрија, со кое се затвора второто коло во групата во Хернинг.
Нема дилеми дека со внимание и покрај уморот се следеше секој чекор на австријците и пред се се „скенираше„ одбраната. Исто како и нашите ракометари Јоноски, Миркуловски, Марковски и чесите заедно со нивниот селектор Хабер го следеа данскиот фантастичен тим, кој „меле„ се пред себе во досегашниот дел на турнирот.