Лазаров: „Голем бод, игравме интелегентно со моќна Чешка„
Најдобриот играч и најдобриот стрелец на средбата Кирил Лазаров ремито го окарактеризира како победа и со ведрина гледа на последното трето коло, во кое ние играме со Австрија, а по нашиот меч знаејќи го исходот, чесите ќе играат со веќе пласираната Данска:
„Задоволни сме што одигравме реми со големата чешка селекција, која според мене е меѓу најдобрите седум-осум селекции во Европа. Како што се одвиваше средбата, нерешеното на крај е сосема реално. Овој бод е како победа...и покрај големиот број промашени зицери, но треба да се дојде до нив. Бевме поразноврсни, поради што противникот може тешко да не чита. Пак промашивме зицери, треба да поработиме на реализацијата за да бидеме уште попрецизни на следните мечеви. Против Австрија не размислуваме за калкулации за третото место, одиме на победа за да пренесеме два бода во следната рунда. Слободно можам да кажам, Борко ми е пријател и цимер, дека очекуваме поголема поддршка од голманите, денеска остваривме одличен резултат ако се знае дека имавме шест одбрани. Против Австрија ќе ни требаат 15 одбрани од голманите, ако сакаме да стигнеме до посакуваната победа" изјави Лазаров на официјалната прес-конференција. Со овие 12 гола, нашиот капитен има вкупно 19 по првите два натпревари.