Европската куќа на ракометот ги делегираше судиите за петтиот ден на континенталниот собир. Француските судии Тјери Денц и Денис Рибе ќе ја делат правдата на мечот со Австрија.
Делегат на ЕХФ е Руи Коељо од Португалија, а супервизор е германецот Гремел. Вториот меч во нашата група помеѓу Данска и Чешка им е доверен на Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.