Еден од нашите ракометари кој добро ја познава репрезентацијата на Австрија е Влатко Митков. Не само заради тоа што настапува во нивната лига, туку и заради тоа што е клубски другар со тројца австриски репрезентативци: „Мислам дека многу напредувале и дека се посилни за разлика од нашите претходни две средби во баражот за светското првенство во Шпанија. Посебно треба да внимаваме на нивните крила кои брзо се трансформираат од одбрана во напад и можат да бидат многу незгодни„ рече штипјанецот на вчерашната средба со медиумите.
Митков во досегашните два меча беше користен и на бековска и на крилна позиција. Продонесот на таканаречените ракометари од клупата може да биде клучен во утрешниот меч и заради серијата на повредени ракометари во нашиот табор.