ВИДЕО: Ангеловски: „Изненаден сум колку австријците напреднале„
Еден од оние со најголемо искуство на ова европско првенство е Бранислав Ангеловски кој заедно со капитенот Лазаров се единствени со преку 150 настапи за дресот од државниот дрес. Битолчанецот вели дека е изненаден од напредокот на австриската репрезентација во споредба со онаа со која два пати игравме во Скопје и во Виена минатата година
„Ме изненадија колку се подобри. Ние од ова што го играме мислам дека не би менувале многу. Ние ќе продолжиме со 6-0 одбрана, а јас сепак мислам дека со 5-1 или 5+1 формација можеме повеќе да им наштетиме. Тие не комуницираат многу со нивните пивотмени и таа карактеристика ја забележувам и на овој турнир. Сепак со нетрпение го чекам утрешниот клучен натпревар„ рече ракометарот на романскиот првак Констанца, кој со Чешка имаше одличен настап и во Ниш минатата година.