19 интервенции и плус онаа последната клучна, но откако истече времето за напад на австријците, го прават Борко Ристовски наш херој од мечот со Австрија.
Тројно се надмина од мечот со Чешка и успеа да ја одведе Македонија во понатамошниот тек на турнирот. Никогаш не се сомневавме во квалитетите на Ристовски, бидејќи тој секогаш брани најдобро кога тоа е најпотребно. Еве ги на едно место сите 19 одбрани на нашиот „министер за одбрана„ на мечот со Австрија.