На македонскиот судиски пар Николов - Начевски им беше доверена арбитражата на одлучувачкиот меч за место во втората групна фаза од Ц групата во Архус, помеѓу Русија и Полска. Тоа беше втора арбитража на скопските судии на овој шампионат по мечот Шведска - Белорусија од второто коло во Копенхаген.
Начевски и Николов пак беа одлични и го одсудија мечот без грешка. Покажаа по четири исклучувања и од едниот од другиот табор. Досудија само два седмерци од кои, само полјаците го реализираа својот, а русите не ја погодија целта. По формата и квалитетот нема да биде изненадување Начевски и Николов да судат и во самата завршница на првенството. Со сигурност овој меч не им беше последен во Данска.