Според очекувањата нашиот стручен штаб изврши една замена од тимот која ја совлада Австрија во последното трето коло од А групата. Немања Прибак ќе влезе во протоколот на местото на Никола Марковски и со тоа ќе дебитира за македонската ракометна репрезентација на официјален натпревар.
Претходно ракометарот на Вардар доби шанса на контролните мечеви со Словенија, Црна Гора и Србија. Немања Прибак има само еден официјален настап за српската репрезентација и тоа против Австралија на мундијалот во Шведска во 2011 година, на кој српската репрезентација загуби од Шведска во осминафиналето. Денес ќе го има своето огнено крштевање против Унгарија во првиот меч од втората фаза во Хернинг.