hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Унгарија доминантна против непрепознатливата Македонија

996131 473405696096939 153271677 n

Европско првенство - 1 четвртфинална група (1 коло)

Македонија - Унгарија 25:31 (9:16)

Во потрага по првата победа по цела една деценија против унгарската репрезентација, Македонија со Немања Прибак во ростерот ја започна втората групна фаза на европскиот шампионат. По првата инвидуална акција На Ангеловски, битолчанецот изнуди седмерец, но Роланд Миклер го „прочита„ Лазаров. Нашиот ривал возврати со гол на Гулиаш од позиција на десен бек. Габор Часар од седум метри годи за 0:2 во 5 минута. Гоце Георгиевски како втор пивотмен на почетокот на шестата минута го постигнува нашиот прв гол. Путич и Габор Анчин, на крилата на интервенциите на Миклар, ја одлепија Унгарија до 1:4 во 9 минута.

Тогаш по една збркана акција, Лазаров го најде Манасков, а овој погоди за 2:4. На голот на Анчин, одговори Лазаров со првенецот за 3:5. По исклучувањето на Иљеш, Лазаров ја погоди пречката од седум метри, а Часар со човек помалку погоди за 3:7. Тогаш Обрван во 15 минута побара минута одмор и го прати Ангелов во игра место Ристовски. Капитенот од седум метри, кој го изнуди Георгиевски, намали на 4:7. Во 18 минута нашиот противник дојде до највисоки 5:10 со третиот гол на Барна Путич. Кризата во нашата игра, кулминираше со гол од контра на Зубаи за +6 во 20 минута. Нашата црна серија ја прекина Димовски со првиот гол за 6:11. Но унгарците безмилосно ги казнуваа нашите грешки и Анчин и Часар, погодија од транзиција за највисоки 6:13. И Солоши се придружи кон унгарскиот фестивал од голови за 6:14 на шест минути до крајот. Златко Мојсоски само што влезе во игра погоди од седмерец, кој претходно го изнуди Прибак (7:14). Разбранетиот Миклар (7 одбани во првиот дел) го начна Пецаковски со првиот гол за -6. Но целиот прв дел беше кошмар за нашата репрезентација. Ристовски во 29 минута, ја имаше втората и третата интервенција, но и покрај тоа Иванчик погоди за 8:15, пред Манасков со третиот гол да намали на -6. Но со звукот на сирената унгарците изнудија седмерец, кој Часар ефектно го реализира за високи 9:16 на полувреме.

1613963 473405676096941 1836908631 n

Вториот дел започна нешто пооптимистички, откако Миркуловски брзо го искористи исклучувањето на Путич и намали на 10:16. Но многу брзо Анчин и Корнел Наџи не вратија во реалноста (10:18). Ниту двата гола на нашиот тим, на Стоилов и Миркуловски, не ја сменија инерцијата, бидејќи Корнел Наџи со вториот гол зголеми на 13:20. Пецаковски со два гола од надворешните позиции возвраќаше, но и во првите 10 минути од вториот дел работите на теренот не се сменија. Битолчанецот потоа заработи исклучување, по кое Борко одбрани два пати во серија, а Георгиевски намали на 15:21. Но Наџи и седмерецот на Часар, не вратија во најчестиот дефицит во мечот - 7 гола доцнење зад момците на Мочаи. На средината од вториот дел се повреди Ојлески и Манасков беше вратен на теренот. Со четвртиот гол Пецаковски во 47 минута спушти на 16:24, но мечот веќе беше загубен.

Нашиот голман Ристовски фати уште две топки и лансираше контра за четвртиот гол на Манасков (17:24). На седмиот гол на Часар (петти од седум метри), одговори Пецаковски со петтиот гол за 18:25 во 49 минута. Путич се прошета низ нашата одбрана, а на идентичен начин возврати Миркуловски со третиот гол за 20:26, пред тајм-аутот на Мочаи во 51 минута. Лазаров со првиот гол во второто полувреме, на седум минути до крајот намали на 21:27. Во таква игра гол за гол и предност од 6,7 гола за Унгарија, мечот недраматично дојде до својот крај. Дејан Манасков дојде до петтиот гол во 58 минута, кога ублажи на 24:30. До сирената само ревија на лесни голови и финални 25:31 за Унгарија. Во унгарската репрезентација Часар постигна 7 гола, Анчин и Наџи додадоа по 4, нивната одбрана беше одлична, Миклер одбрани 13 топки и Македонија во мечот ниту еднаш не поведе. Во нашиот табор Борко Ристовски собра 13 интервенции, Пецаковски и Манасков имаа по 5, а Лазаров 4 гола. Утре следува слободен ден во групата во Хернинг, а в понеделник од 16 часот играме против уште еден старт познаник - Исланд.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share