Ландин им се реваншираше на шпанците
Очигледно оној пораз во финалето на светското првенство во Шпанија минатата година, оставил траги врз данците. Толку ги мотивираше за еден вид на реванш, што вечерва се надминаа себе си и во целост го надиграа тимот на Маноло Каденас. Во првиот дел се играше многу израмнето, со Хансен и Егерт како предводници на секое минимално одлепување на домашната репрезентација. 9:7, па 14:12 и на полувреме 16:14 за репрезентацијата на Вилбек.
И ако таа предност беше минимална, на почетокот на вториот дел се разбрани Никлас Ландин, ја маѓепса својата мрежа, собра 18 интервенции и им ја олесни работата на колегите. Каспер Сондергард со неколку бомби, предноста ја покачи на +5, а голот на Хансен донесе 25:20 во 48 минута. Шпанците не беа најбрзи во комбинаториката во нападот и нивните крила најдобро ја напаѓаа зоната на данците. Без ни малку притисок од светскиот првак, Данска го приведе мечот кон крај за финални 31:28 и голем чекор кон првото место во групата и домаќинот е на само еден бод пред последните две средби, пред пласман во полуфиналето. Во победничката репрезентација најефикасни беа Хансен со 6 и Сондергард и Кнудсен со 4 гола. Сепак овациите на Ландин беа погласни дури и од мечот со Македонија. Кај Шпанија голманите собраа само 7 одбрани, а во нападот 5 гола постигна Антонио Гарсија, по 4 додадоа Томас, Раул Ентрериос и Рокас. И покрај поразот светскиот првак има се чини отворен пат кон второто место во групата и пласман во полуфиналето.