Селекторот на машката сениорска репрезентација,Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прeстојната ЕХФ недела. На списокот се наоѓа капитенот Кирил Лазаров, кој ќе ги предводи помладите во првата активност во новата година.
Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.