Магична вечер на македонските ракометни асови
Македонија - Швајцарија 30:24 (17:9)
Македонската јавност во добар дел ја исполни салата во СЦ „Борис Трајковски„за стартот на квалификациите за наредниот континентален собир во Данска. Во клима на многу тензија и недоразбирања и без казнетиот Борко Ристовски и повредените Наумче Мојсоски и Никола Марковски, нашата селекција беше исправена пред фаворитската улога во овој прв натпревар.
ВИДЕО: Лазаров: „Капитен сум на незадоволни ракометари„
Ако сите очекуваа прес-конференција пред мечот со Швајцарија во која ќе се говори само за натпреварот, противникот и важноста, наидовме на сосема поинаква ситуација. Проблемите кои со години се наталожуваат во нашиот национален тим ги обелодени капитенот Кирил Лазаров.
Македонија без Ристовски и Мојсовски на мегдан на Швајцарија
Ракометната репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настап во првите квалификациите за пласман на Европското првенство во Данска 2014 година, во кои ќе почне сериозно ослабена откако стана јасно дека селекторот Звонко Шундовски на мечот со Швајцарија во Скопје освен на казнетиот Борко Ристовски нема да може да смета ниту на повредениот Наумче Мојсовски.
Шабановиќ нов голман на Атлетико
Само неколку недели по тешката повреда на Хозе Хавиер Омбрадос, управата на Атлетико Мадрид ја пронајде неговата замена до крајот на тековната сезона. Од денес нов член на европскиот вицепрвак е репрезентативецот на БиХ Аднан Шабановиќ, кој е висок 193 сантиметри и тежок 103 килограми.
Осма победа на осум меча за Атлетико
Вила де Аранда - Атлетико Мадрид 25:30 (13:14)
На последниот натпревар пред репрезенативната пауза, Атлетико Мадрид во Аранда отпатува и без Мариус Јуркиевич, кој заради грип остана во главниот град. Домаќините први поведоа, но Ромеро во 3 минута донесе 1:2 за Атлетико Мадрид.
Познати првите добитници на наградната игра
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров ги одбра наградените од првите два циклуса од наградната игра.
Официјално фотографирање на светскиот првак
Ракометниот клуб Атлетико Мадрид пред неколку недели го изврши традиционалното фотографирање на сите свои професионалци како и на групната фотографија на тимот актуелен светски клубски првак. Во ростерот за новата сезона која е во тек и во која Атлетико Мадрид веќе одиграл 16 официјални натпревари во 4 натпреварувања се наоѓаат 11 шпански ракометари и 8 странци. Нашиот капитен Кирил Лазаров ја игра третата сезона во овој клуб, втора под името Атлетико Мадрид.
Барса и Атлетико лидери и во фудбал и во ракомет
Некои работи во шпанскиот фудбал не се случуваат така често. Така хегемонијата на Реал Мадрид и Барселона во фудбал трае и ќе трае и во иднина. Но она што паѓа в очи во првите два месеци од фудбалската и ракометната сезона е доминацијата на Барселона и Атлетико Мадрид. И двете екипи во двата спорта (фудбал и ракомет) имаат ист број на бодови.
Шундовски со проверени сили
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација го објави списокот на репрезентативци за стартот на квалификациите за ЕП во Данска 2014 година. За мечевите со Швајцарија на 31 октомври и со Португалија на 4 ноември нема да има измени во споредба со тимот кој настапуваше на Олимписките квалификации во Гетеборг во април и во двомечот со Австрија во јуни.
Лазаров го посети Омбрадос
На натпреварот со Веспрем во Лигата на шампионите, најтешкиот удар за играчите, стручниот штаб и навивачите на Атлетико Мадрид не беше тесниот пораз со пресврт во финишот, туку тешката повреда на капитенот и миленикот на „фановите„ Хосе Хавиер Омбрадос.