hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Не одиме со „бело знаме“, верувам и во невозможното во Германија!

kire-lazarov-epa

Македонија е пред настап на Европското првенство во Германија, каде ќе се соочиме со селекции како Франција, Германија и Швајцарија. По промената на форматот, само првите две репрезентации од секоја група одат во следната рунда.

Лазаров го скрати списокот на деветнаесет ракометари и додаде уште осум резерви кои треба да бидат на „готовс". Како играч, така и како селектор верува во она што го работи, верува во оваа млада и талентирана генерација.

„После менувањето на генерацијата најважно беше да не се изгуби континуитетот што го имаме од 2012 година, со што не прави спорт број еден во Македонија. По промената на форматот на Европското првенство (само две репрезентации од група одат понатаму) ниту во иднина не можеме да бараме лесни противници. Немавме среќа во ждрепката, ја добивме Франција која со Данска и домаќинот Германија која исто така е во нашата група се фаворити за освојување на Европското првенство. Тука е репрезентацијата на Швајцарија која од нив е ниво послаба, но треба да знаеме дека од нивниот ростер девет репрезентативци играат во најсилната лига во светот, Бундес-лигата и имаат главни улоги во тие тимови.

Ние сме една млада, талентирана и полетна репрезентација, и јас како селектор сум задоволен што имам шанса да тренирам една ваква перспективна репрезентација која во иднина треба да прави големи работи. Ќе се подготвиме максимално, немаме многу време за подготовки, ќе бидат кратки и интезивни. Се надевам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Мора да размислуваме позитивно. Ќе пробаме системот кој што го градиме да го надоградиме. Во последниот период сум задоволен од пријателските средби со Грција. Успеавме да одиграме два квалитени мечеви на гости. Исто така во квалификациите со Турција и Луксембург кога победивме, како и на двата меча со Португалија игравме квалитетно но не бевме комлетни.

Ни следи тешка задача, нема да се предадеме. Ќе се обидеме да создадеме добра атмосфера, добра хемија. Мислам дека момците со голема гордост ќе го носат дресот на македонската репрезентација. Знаеме дека цела нација ги прати, ги поддржува и едвај чека да дојде до јануари и почетокот на Европското првенство. Јас сум таков, верувам во невозможното. Во овој момент не е реално да се очекува такво нешто како со Данска кога јас дебитирав како селектор. Но, потсвесно треба да се верува. Мислам дека тогаш бев и јас и Столе и Миркуловски, каде што едноставно бевме додадена вредност на овие млади дечки и успеавме да ја изненадиме Данска", рече селекторот.

Како подготовка за шампионатот Македонија двапати ќе игра против Грција и еднаш против Црна Гора.

Share