Македонија прво ќе се соочи со Франција, а ќе заврши против Швајцарија
Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи серијата настапи на големите натпреварувања, а денес по ждрепката во Диселдорф ги доби противниците за првата фаза од континенталниот шампионат.
Македонија доби група во Берлин со Германија, Франција и Швајцарија
Македонската ракометна репрезентација како второпласирана ја заврши групата во квалификациите за Европското првенство, а квалитативниот статус направи да ја чекаме денешната ждрепка од третиот шешир. Македонија доби два од најтешките противници од првиот и вториот барабан, па така нашата селекција ќе биде дел од таканаречената „група на смртта" во која флавни фаворити ќе бидат Франција и Германија.
Ждрепката закажана за 10 мај, Македонија во третиот шешир
Македонија со синоќешната победа над Турција, го потврди пласманот на Европското првенство, кое се знаеше и претходно. Португалија, противникот кој го освои првото место во групата, се најде во вториот шешир.
Лазаров: Во иднина добро ќе размислам кого ќе повикувам во националниот дрес
Maкедонија денес ја победи Турција со 30:27 со што го потврдивме пласманот на Европското првенство во 2024 година.
Иако Македонија победи Лазаров сепак најави промени во иднината, порачувајќи дека добил визија плус за повиците во националниот дрес.
Драматична победа над Турција на прошталниот натпревар на Гоце Георгиевски
Македонија - Турција 30:27 (15:15)
Македонската машка ракометна репрезентација во последниот настап од квалификациите за Европското првенство ја совлада Турција со 30:27 (15-15) и обезбеди ново учество на големите натпреварувања.
Лазаров: Среќен сум по победата, очекувам со полна сала да прославиме уште едно Европско првенство
Македонија го победи Луксембург со 28:23 во натпревар од петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 година и со тоа е веќе на чекор до второто место во квалификациската група. Со оваа победа Македонија е блиску до ново учество на Европско првенство, кое треба да се верификува во недела против Турција.
Победа во Луксембург и „виза“ за уште едно Европско првенство
Луксембург - Македонија 23:28 (12:14)
Македонската машка ракометна репрезентација дојде до планираната победа на гостувањето кај Луксембург со 23:28, домаќинот пружи далеку посериозен отпор отколку на мечот во Скопје.
Кизиќ добива шанса во Луксембург, во Скопје останаа Томовски и Омерагиќ
Македонската ракометна репрезентација денес патува за Луксембург каде што ќе го одигра мечот од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
Лазаров: Повеќе од сериозно ќе ги сфатиме Луксембург и Турција, нема да ги потцениме
Деветнаесет ракометари од домашното првенство и двајца интернационалци се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за двата априлските натпревари на македонската машка ракометна репрезентација против Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Турција и Луксембург
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објавi списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во рамки на европските квалификации.