Лазаров: „И ние ќе имаме навивачи во Австрија„
Во репрезентацијата владее позитивно расположение. Доволно сме искусни да одбраниме пет голови, но тоа воопшто нема да биде лесно.
Ова го изјави најдобриот макеонски ракометар Кирил Лазаров во пресрет на саботниот реванш натпревар против Австрија за пласман ан СП во Шпанија.
Швајцарија ривал на Македонија за ЕУРО 2014
Ракометната репрезентација на Швајцарија е третиот ривал на Македонија во квалификациите за Европското првенство што 2014 година ќе се одржи во Данска.
Швајцарците на неодамна завршените натпревари во групата во Бари од првата квалификациска фаза го освоија првото место, пред Италија, Грција и Велика Британија.
Плеј-оф за СП – Шпанија 2013 прв натпревар
Македонија - Австрија 26:21 (16:10)
Австријците не се плашат од „фалангата„
Се вжештува атмосферата во ракометната репрезентација на Македонија во пресрет на првиот бараж натпревар со Австрија за пласман на СП, кој ќе се одигра в сабота, со почеток во 16.30 часот во арената „Борис Трајковски".
Лазаров: „Австрија нема да биде потценета„
Македонските ракометари во позитивна атмосфера го очекуваат првиот натпревар од бараж пресметката со Австрија за пласман на СП 2013 во Шпанија кој во сабота од 16.30 часот не очекува во спортскиот центар „Борис Трајковски" во Скопје.
Почнаа подготовките за Австрија
Машката македонска репрезентација ги стартуваше подготовките за бараж натпреварите со Австрија во рамките на квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија.
Лазаров: „Омејер беше фантастичен„
Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров не успеа да стигне до најпосакуваниот и најголем трофеј, тој во Лигата на шампионите, откако вчеравечер со Атлетико Мадрид загуби со 21-26 од Кил во финалето на фајнлфорот во Келн.
Кире Лазаров во „Топ 7“ во Лигата на шампионите
Лазаров беше предводник на својата екипа во победата во полуфиналето против Копенхаген со 11 постигнати голови, додека во финалето со Кил, каде Атлетико загуби, нашиот капитен постигна 5 голови.
Кире Лазаров МВП на сезоната
Македонскиот капитен и најдобар ракометар Кире Лазаров победи во анкетата на „Handball-planet" за најдобар играч на сезоната во Лигата на шампионите.
Лазаров во идеалниот тим на Ф4 турнирот во ЛШ
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е избран во идеалниот тим на Ф4 турнир, во Лигата на шампионите, кој викендов се одржа во Келн.