Лазаров го скрати списокот за Медитеранските игри
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за подготовки за Медитерански игри во Оран (Алжир).
Медитеранските игри ќе се одржат во Оран, Алжир во период од 25 јуни до 5 јули 2022 година.
Нант го надигра Сесон Рен, второто место во шампионатот на дофат
Нант - Сесон Рен 31:26 (13:11)
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров се врати по повредата во баражот за Светското првенство против Чешка и се најде во официјалниот протокол, но не доби шанса на еден од последните домашни натпревари на Нант во домашното првенство. Имено, Лазаров тренира веќе подолг период и се подготвува за последните кола од шампионатот и финалето на Купот против ПСЖ на 11 јуни.
Лазаров го одреди поширокиот список за Медитеранските игри во Алжир
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за настапот на Медитеранските игри. По паузата од осум месеци, во репрезентацијата се враќа левото крило на унгарскиот клуб Веспрем, Дејан Манасков.
Нант го надигра Шартр и се избори за финале на Купот на Франција
Шартр - Нант 30:33 (15:18)
Ракометарите на Нант се пласираа во уште едно Куп-финале и ќе се борат за вториот трофеј по освојувањето на Лига Купот на Франција. Имено, екипата на Алберто Ентрериос извојува победа на гостувањето во Шартр со 30:33 (15:18) и го чека својот противникот во финалето во Париз, во втората недела од месец јуни.
Нант ја прекина лошата серија и со победа се враќа во Лимож
Лимож - Нант 23:31 (11:14)
По три последователни порази и елиминација од ЕХФ Лига Европа, ракометарите на Нант им се вратија на победите и во пресрет на последниот месец од сезоната во францускиот шампионат, имаат најголеми шанси за вицешампионската титула и место зад новиот првак ПСЖ. Нант извојува победа на гостувањето кај Лимож со 23:31 (11:14). Алберто Ентрериос се соочи со својот иден клуб и Нант одигра многу подобар натпревар од пред една недела против Екс Прованс или од дуелот во вторникот во Магдебург.
Магдебург и вторпат подобар од Нант, Французите елиминирани во четвртфиналето
Магдебург - Нант 30:28 (16:12)
Франција остана без претставник на завршниот турнир на ЕХФ Лига Европа, а Магдебург ќе ја брани титулата од минатата година. Ова е епилогот на четвртфиналниот двомеч, кој важаше за финале пред финалето. Падот на формата на Нант во клучниот дел на сезоната бепе видлив, па првпат екипата на Алберто Ентрериос врза три порази по ред во една недела.
Нант ја загуби драмата против Екс Прованс, следи голема битка за второто место
Нант - Екс Прованс 25:26 (10:13)
По исцрпувачкиот ритам на натпревари на четири фронта, Нант западна во мал кризен период и го запиша вториот последователен пораз неделава. Во првиот дуел од 24. коло екипата на Алберто Ентрериос на домашен терен загуби ид директниот конкурент за место во евро-куповите, Екс Прованс со 25:26. Со оваа победа екипата на Тјери Анти се доближи на само еден бод до Нант во битката за втората позиција зад неприкосновениот ПСЖ.
Магдебург го освои Нант и стекна значајна предност пред реваншот
Нант - Магдебург 25:28 (13:11)
Нант го загуби првиот четвртфинален дуел во Европската лига против Магдебург. Германскиот тим беше надмоќен во вторито дел на гостувањето во Франција и за дома се врати со сигурна победа 25:28.
Шартр е ривалот на Нант во полуфиналето на Купот на Франција
Фаворитите ПСЖ и Нант се избегнаа на денешната ждрепка за полуфиналната фаза на Купот на Франција.
ПСЖ на Раул Гонзалез за пласман во натпреварот за титула ќе се борат против Тулуз, а тимот на Кирил Лазаров ќе се соочи со Шартр.
Нант во полуфиналето на Купот, ПСЖ го декласира Монпелје
Нант - Екс Прованс 32:27 (15:16)
Екипата на Нант на прагот е да испише историска сезона. Имено, клубот кој го освои Лига Купот на Франција, се пласира и во полуфиналето на Купот на Франција, а во игра е и за трофејот на ЕХФ Лига Европа. Нант и без Кирил Лазаров беше пресилен за Екс Прованс на поранешниот тренер Тјери Анти и славеше со 32:27. Со оваа победа тимот на Алберто Ентрериос се избори за место меѓу четирите најдобри и сонува финале во Париз.