hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Австријците не се плашат од „фалангата„

falnga2

Се вжештува атмосферата во ракометната репрезентација на Македонија во пресрет на првиот бараж натпревар со Австрија за пласман на СП, кој ќе се одигра в сабота, со почеток во 16.30 часот во арената „Борис Трајковски". Арно ама, Австријците доаѓаат смирени и самоуверени, со став дека не се плашат од ова гостување, ниту од нашата навивачка „фаланга".

Селекторот на австриската ракометна репрезентација, Патрекур Јоханесон, вели дека не играат навивачите, туку на теренот ќе има дуел меѓу седмуммина ракометари од едната и од другата селекција. „Македонија е квалитетна репрезентација. Ги следев нивните игри на Европското првенство во Србија, го имаат неверојатниот Кирил Лазаров кој е вистински лидер, а тој многу често го проигрува пикерот. Но, и ние имаме свои квалитети и не им се плашиме.

joahnnesson726apa030112

Нивен адут на првиот меч ќе биде и публиката, арно ама на теренот не играат навивачите, туку по седуммина ракометари од секоја селекција. Одиме во Скопје за да победиме, а како и да е, двомечот од баражот за СП ќе го решаваме пред нашата публика во Австрија", изјави Патрекур Јоханесон, исландскиот стратег на кормилото на австриската ракометна репрезентација. Македонските ракометари мирно се подготвуваат за првиот бараж дуел и очекуваат голема поддршка од своите верни фанови.

„Фалангата" сигурно нема да ги разочара, ги следеше верно и во Србија и во Шведска, а не во нашиот главен град. Ќе треба на Австријците да им се подготви жежок котел во арената „Борис Трајковски", за да дознаат дека не е така лесно да се игра пред македонските навивачи.

Share