hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Почнаа подготовките за Австрија

kire naumce

Машката македонска репрезентација ги стартуваше подготовките за бараж натпреварите со Австрија во рамките на квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија.

Без никакви посериозни промени во тимот, селекторот Ѕвонко Шундовски со веќе проверените сили од последниот евро шампионат во Србија ќе се подготвува деновиве во Скопје, во СРЦ „Кале" и во СРЦ "Борис Трајковски", од кои Македонија очекува пласман на уште еден голем светски ракометен собир.

Од повиканите 20 ракометари на подготовките единствено подоцна ќе се приклучат капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски бидејќи во сабота имаат настапи за своите клубови, додека останатите ќе бидат на располагање уште од првиот ден. Националниот тим не планира подготвителни дуели во пресрет на пресметките со Австријците кои не очекуваат на 9. јуни во Скопје, и реваншот седум дена подоцна во Австрија.


СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ СО АВСТРИЈА

- КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2013 -

1. Борко Ристовски – Гумерсбах - Германија

2. Петре Ангелов – РК Металург

3. Никола Митревски – РК Металург

4. Стевче Алушовски – РК Металург

5. Дејан Манасков – РК Металург

6. Златко Мојсоски – РК Металург

7. Владимир Темелков – РК Башараж – Луксембург

8. Гоце Георгиевски – РК Металург

9. Ванчо Димовски – РК Металург

10. Стојанче Стоилов – РК Вардар ПРО

11. Никола Маркоски – РК Вардар ПРО

12. Кирил Лазаров - Атлетико Мадрид - Шпанија

13. Влатко Митков – Бернбах Кофлах – Австрија

14. Наумче Мојсовски – РК Металург

15. Филип Миркуловски – РК Металург

16. Митко Стоилов – РК Металург

17. Бранислав Ангеловски – Констанца – Романија

18. Филип Лазаров – РК Вардар ПРО

19. Велко Маркоски – РК Металург

20. Аце Јоновски – РК Металург

Резерви:

1. Милорад Кукоски – РК Вардар ПРО

2. Гоце Ојлески – РК Вардар ПРО
Share