hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Омејер беше фантастичен„

kire omeyer

Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров не успеа да стигне до најпосакуваниот и најголем трофеј, тој во Лигата на шампионите, откако вчеравечер со Атлетико Мадрид загуби со 21-26 од Кил во финалето на фајнлфорот во Келн.

Лазаров беше прв стрелец на Атлетико на мечот со пет гола, но францускиот голман Тиери Омејер го спречи нашиот ас да ја повтори играта од полуфиналето со Копенхаген (11 гола), и со тоа практично му ги зеде круните, таа за европски првак и таа за најдобар стрелец. На Лазаров му недостигаше еден гол за да ја подели наградата за прв стрелец со Данецот Микаел Хансен.

„Ние игравме против 20 илјади Германци и два џентлмени во црно (судиите – н.з.). Игравме лошо, но Омејер имаше фантастичен меч и ја направи разликата. Ние го сменивме пристапот, бидејќи за да играме со ротација во финале, мора да имаме доволно играчи, а ние ги немавме", рече Лазаров.

Share