hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонските ракометари поразени во Копер во најтажниот натпревар во историјата

rakomet-slovenija-makedonija-3

Словенија - Македонија 38:27 (20:12)

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија со 38:27 (20:12) во квалификациите за Европското првенство 2026.

Натпреварот во Копер беше решен уште по првото полуврме кое домаќините го добија со осум разлика.

Хендикеп за Македонија беше повредата на Марко Митев. Еден од најдобрите наши ракометари во 20. минута од првото полувреме беше изнесен од теренот на носилки по повредата на десното колено. Се очекуваат информации за сериозноста на повредата.

Капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци беше најефикасен во македонскиот состав.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванија. Со евентуални две победи „црвено-жолтите" ќе имаат големи шанси да се пласираат на ЕП 2025.

Share