
Македонски Телеком останува партнер на Ракометната Федерација на Македонија, а со тоа поддржувач на македонската ракометна репрезентација.
Осумгодишната соработка продолжува и во оваа 2025, година во која Македонија ќе настапи на Светското првенство.

Во присуство на претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, главниот извршен директор на Телеком г-дин Никола Љушев, селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров и во придружба на капитенот Филип Кузмановски, беше официјализиран новиот договор.