hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Започнаа мундијалските подготовки, главната фаза во Стара Пазова

mak-rakomet-sobir-na-rakometna-reprezentacija-31102021-6768

Ракометната репрезентација на Македонија утрово го имаше собирот за старт на подготовките за СП 2025. По собирот, македонската експедиција веднаш се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена.

Според планот, на 30 декември нашите репрезентативци ќе ги завршат тренинзите во Србија, па по новогодишните празници вториот дел од подготовките ќе ги одработат во Македонија. На 7 јануари следува пат за Хрватска, каде ќе се одигра пријателски натпревар против домаќинот на Светското првенство, и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин.

Македонија на ова првенство е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а најдобрите три селекции ќе обезбедат место во главната рунда.

Share