Започна продажбата на билети за натпреварите на СП 2025
Денес стартува продажбата на билетите за натпреварите во Пореч и Вараждин од Светското првенство во 2025 година. Покрај Хрватска, домаќини се уште Данска и Норвешка. Ждрепката сакаше Македонија своите натпревари да ги игра во Вараждин. Цените на билетите се од 50 до 70 евра во зависност од местото на седење, а еден билет важи за двата натпревари кои се играат тој ден.
За македонските фанови е резервиран секторот К. Македонија на 15 јануари игра против Унгарија, потоа против Холандија на 17 јануари, а групната фаза ја затвораме со натпреварот на 19 јануари против Гвинеја.
За главната рунда која ќе се игра исто така во Вараждин билетите се уште не се пуштени во продажба.
Билетите може да се купуваат на ОВОЈ ЛИНК.
https://www.ulaznice.hr/web/inspiredbyhandball