Лазаров: Имаме добри спомени од Вараждин, ќе имаме огромна поддршка од „Фалангата“
По драматичниот бараж и епскиот пресврт против Фарски Острови, македонските ракометари се изборија за место на турнирот. Светската ракометна куќа – ИХФ ја одржа ждрепката за групната фаза на натпреварувањето во Загреб. Македонија се наоѓаше во третиот шешир и во извлекувањето налета на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство".
Светското првенство се игра од 14 јануари до 2 февруари следната година.