hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Херојско победени Фарски Острови, Македонија ќе игра на Светското првенство

rakomet-makedonija-farski-ostrovi-r4354

Македонија - Фарски Острови 34:26 (19:15)

Македонската ракометна репрезентација вечерва го совлада националниот тим на Фарски Острови со 34:26 и се пласира на Светското првенство следната година. Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од баражот за Светското првенство одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.

Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет. По првите триесет минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.

Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.

За „црвено-жолтите" следното Светско првенство ќе биде деветти, по седумнаесетти пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

Share