Лазаров: Нема да губиме надеж, ќе пробаме да ја анулираме негативата од седум гола
Македонската машка ракометна репрезентација доживеа пораз од Фарски Острови од 34:27 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство кое се игра на почетокот на наредната година. Избраниците на Кирил Лазаров не беа на посакуваното ниво во Торшавн и ќе имаат навистина тешка задача во реваншот во Скопје да направат пресврт и го продолжат континуитетот на големите ракометни случувања.
Селекторот сепак повика на мобилизизација за перфектен реванш.
„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест" доста време, а не сакавме да играме на тој начин. Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа.
Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.
Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела".
Се очекува полна сала и громогласна поддршка за нашите ракометари на реваншот в недела од 19:00 часот.