Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров има нов помошник во репрезентацијата. Како дел од стручниот штаб во националниот тим се враќа Стојанче Стоилов.
Поранешниот кружен напаѓач на репрезентацијата ќе ја има улогата на помошник тренер. Стоилов во националниот тим играше повеќе од една деценија и учествуваше со скоро сите поголеми успеси на македонската селекција.
Против Фарски Острови првиот натпревар го играме на 8 мај на гостински терен со почеток од 20:00 часот, додека домаќини ќе бидеме на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски".