hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант прослави 70 години, Лазаров на „Ѕидот на шампионите“

nant70

Поранешниот клуб на Кирил Лазаров. Нант слави 70 години од своето постоење и подготвува специјален настан за големиот јубилеј, па ракометниот клуб во овие посебни моменти не го заборави и најдобриот македонски ракометар на сите времиња. Лазаров своите последни години од кариерата му ги посвети на Нант и беше испратен како „крал" од францускиот клуб, а актуелниот македонски селектор сега се најде и на „ѕидот на легендите".

Нант ги објави имињата на ракометарите кои оставија посебна трага и печат во клубот, а Кире заслужено се најде во стартната седморка на тимот.

nantsid

Станува збор за играчи кои направиле Нант да расте и да блеска на национално и интернационално ниво, а покрај Лазаров, на „ѕидот" се најдоа уште шест ракометари. Тоа се Бруно Соуза, Фредрик Доле, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Доминик Клајн и Рок Фелијо. Интересно, станува збор за ракометари кои го носеа дресот на Нант во последните две децении.

Share