Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес ги прозиваше своите избраници за двата контрони дуели со Грција во Солун. Повикани се 22 проверени кандидати.
Крилото Никола Костески од чешки Плзен е повратник во националниот тим. Поради клупски обврски Филип Кузмановски и Никола Митревски ја прескокнаа прозивката и ќе се стават на располагање од утре. Македонија мини подготовките ќе ги реализире во Скопје, во салата „Автокоманда" до четврток кога ќе отпатуваат за Солун.
Двете пријателски средби се закажани за в петок и сабота од 17:30 часот по македонско време.