Македонија доби мундијалска група со Аргентина, Холандија и Норвешка
Македонските ракометари ќе имаат бурен јануари, затоа што добија непредвидлива група за Светското првенство во Полска и во Шведска. Денешната ждрепка во Катовице ги смести „црвено-жолтите" повторно во Краков, во конкуренција на Норвешка, Аргентина и на Холандија.
„А" ГРУПА: (Краков, Полска) – Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора.
„Б" ГРУПА: (Катовице, Полска) – Полска, Словенија, С. Арабија, Франција.
„Ц" ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) – Шведска, Уругвај, Африка 2, Бразил.
„Д" ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) – Исланд, Ј. Кореја, Унгарија, Португалија.
„Е" ГРУПА: (Катовице, Полска) – Германија, Африка 5, Србија, Катар.
„Ф" ГРУПА: (Краков, Полска) – МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Холандија, Аргентина.
„Г" ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) – Хрватска, САД, Африка 3, Африка 1.
„Х" ГРУПА: (Малме, Шведска) – Данска, Африка 4, Бахраин, Белгија
Шампионатот, кој ќе се игра во Полска и Шведска, е закажан за периодот од 11 до 29 јануари следната година.