hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант се „распука“ и до врв ја наполни мрежата на Данкерк

lazarov nant startligyue

Нант - Данкерк 43:28 (22:15)

По драматичниот пораз на гостувањето во Ним, екипата на Нант славеше убедлива победа против Данкерк со 43:28 (22:15) во рамките од 23. коло од шампионатот на Франција. Со сериозен пристап и моќен прв дел, кој заврши со предност од седум гола, Нант го трасираше патот до нов триумф.

Дилемата околу победникот на оваа средба беше јасно уште по првото полувреме, кога на семафорот стоеше 22:15 за домашниот тим. Доброто отворање на вториот дел, беше само потврда на победата на Нант на овој меч.

Кирил Лазаров доби скратена минутажа, во која не успеа да се запише во листата на стрелците. Најефикасни во редовите на Нант беа Мин со десет и Ривера со седум постигнати погодоци.

Со денешната победа, Нант cе искачи на третата позиција на табелата во францускиот шампионат со 29 бодови, веднаш зад ПСЖ и Монпелје.

Share