hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со звукот на сирената го загуби дербито во Ним

nim - nant

Ним - Нант 33:32 (16:18)

Во натпревар во кој повторно решаваа нијанси во последната минута. Нант загуби на гостувањето во Ним и застана во обидот да напредува кон врвот на табелата. Дуелот беше неверојатно интензивен, а го реши ветеранот Гигу со гол во последните мигови.

Дуелот од 14. коло од францускиот шампионат заврши 33:32, со далеку подобро прво, отколку второ полувреме на момците на Ентрериос. Нант прв се одлепи на 6:9, а и на одмор замина со предност (16:18). Сепак, вториот дел целосно им припадна на домаќините. Тие заиграа подобро во одбрана, полека ја презедоа контролата и поведоа со +6 во 47. минута.

Нант успеа да се врати и да израмни во последната минута. Сепак, Гигу беше најбрз и постигна гол на празна мрежа за победа од 33:32.

Лазаров го заврши натпреварот со три гола од четири обиди, а најефикасни кај Нант беа Шпанците Ривера со седум и Гурбиндо со пет погодоци. Аквелиљо со шест и Гаљего со пет погодоци беа најефикасни кај Ним.

Со овој пораз Нант останува на третата позиција на табелата, зад Монпелје и ПСЖ.

Share