hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров блескаше, но Нант во финишот загуби од Киелце

nant - kielce

Нант - Киелце 24:24 (14:12)

Ниту одлична партија на капитенот и селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, не му помогна на Нант да го избегне домашниот пораз од Киелце во првиот осминафинален натпревар на Лигата на шампионите.

Нант загуби со 24:25 (14:12) против Киелце и на францускиот клуб ќе му треба подвиг во Полска за четвртфинале. Французите во првото полувреме постојано водеа, за на одмор да заминат со +2.

Во вториот дел момците на Душебаев се поправија и со подобра одбрана го израмнија натпреварот. Во драматичен финиш Киелце славеше со 24:25 и стекна мала залиха пред реваншот следниот четврток.

Лазаров беше автор на пет гола, како и кружниот напаѓач Пешмалбек. Кај Киелце најдобар стрелец беше Алекс Душебаев со шест погодоци.

Share