hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Полесно ми е како играч-селектор, отколку само селектор!

lazarov intervju 2-960x634

По блескавиот старт на тренерската кариера и победата против светскиот првак Данска, капитенот и селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров зборуваше за „Ал Џазира Балкан". Лазаров се осврна на повеќе теми, а најмногу зборуваше за новата улога на играч-селектор.

За победата над Данска во Скопје:

Направивме одличен резултат, совладувајќи го актуелниот светски и олимписки шампион. Како тренер, мило ми е што тимот почитуваше сè што направивме во тие четири-пет дена. Бевме фокусирани и што е најважно скромни на теренот и надвор од него, во текот на тие седум или осум дена работа заедно. Свесен сум и дека Данска можеби ја потцени нашата селекција, со оглед на тоа како изгледавме во Египет на Светското првенство, но не им беше сеедно да губат осум поени во 45. минута. За возврат, решив да играм со помлади играчи и да видам каде сме во моментов. Ми беше доделена улогата на создавање на нова конкурентна генерација на играчи за во иднина. Затоа, ние, како репрезентација, имаме краткорочни и долгорочни цели. Ја разбирам еуфоријата во земјата што се создаде по победата во Скопје, но како тренер морам да размислувам одговорно.

За улогата на играч-селектор:

Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА:

Share