hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го победи Ним и скокна на третото место на табелата

нант - ним

Нант - Ним 31:27 (16:15)

Продолжува позитивната серија и искачувањето на табелата на ракометарите на Нант. Француското првенство е компетитивно и не е лесно да се врзат серија на победи. Сепак, по Светското првенство вицешампионот на Франција игра одлично и попладнево во дуелот од 19. коло го совлада Ним со 31:27 (16:15) и уште повеќе напредуваше на табелата. Четири-пет екипи се борат зад грбот на ПСЖ за местата кои водат во Европа, приоритетно во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Алберто Ентрериос првиот дел го добија со 16:15, а кон средината на вториот дел ја зголемија разликата и прокнижија значајни бодови во битката за висок пласман,

Балагер со седум и Кавалканти и Овничек со по четири гола беа најефикасни поединци во тимот на Нант, а Кирил Лазаров не се запиша во листата на стрелците.

Ова е шести последователен натпревар со позитивен резултат за Нант. Екипата на Лазаров со скор од единаесет победи, две реми средби и три порази се наоѓа на третото место на табелата во француската лига.

Share