hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров прозиваше во Скопје: Имаме конкретен план, посакувам модерна Македонија

reprezentacija sobir

Денес во хотелот „Александар Палас", Кире Лазаров го направи првиот собир како селектор на Македоднија. Од неговиот стручен штаб се појавија и Бранко Ангеловски и Билјана Црвенковска, а Ацо Јоноски и Филип Миркуловски ќе се приклучат по викенд обврските во Германија.

На собирот недостасуваа и ракометарите кои викендов имаат клупски обврски, селекцијата ќе се комплетира во понеделник со пристигнувањето на Жарко Пешевски од Штутгарт.

„Посакувам модерна Македонија, македонската публика не можеш да ја лажеш, ова е ракометна нација. Ги знаеме недостатоците на нашата репрезентација од минатото. Ова е период на промена на генерации, треба да работиме постепено и да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Со моите соработници максимално ќе се посветиме. Имам верба, имаме конкретен план и за Данска и за сегашноста и за иднината. Одиме чекор по чекор и каков било пораз или победа не смее да ни ги поремети плановите. Имаме квалитет и во стручниот штаб и во ракометарите, Македонија не треба да стравува за ракометната иднина".

В четврток во Скопје од 20:00 часот ја пречекуваме Данска во првиот меч, а три дена подоцна со истата селекција играме на нејзин терен во Алборг од 16:00 часот.

Share