hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија го надигра Чиле во првиот од двата скопски теста

mkd - cile

Македонија - Чиле 25:21 (15:11)

Македонската машка ракометна репрезентација со победа ја започна 2021 година, откако попладнево во СЦ „Јане Сандански" во Скопје, ја совлада репрезентацијата на Чиле со 25:21 (15:11). Ова е трета победа во меѓусебните дуели на нашиот национален тим против малата јужноамериканска репрезентација, откако извојувавме победа во Гдањск во 2016 и во Келн 2019 година.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Пешевски и Серафимов со по пет гола, а Маџовски постигна три погодоци. Капитенот Кирил Лазаров не доби шанси и од клупата ја следеше победата на нашиот национален тим. Браќата Салинас со вкупно пет гола беа најдобри поединци во чилеанската репрезентација. Натпреварот одлично го водеа нашите интернационални судии Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Натпреварот се одигра без присуство на гледачи. Следниот тест меѓу овие две репрезентации закажан е за в недела попладне, исто така во СЦ „Јане Сандански".

Share