hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Со 40 години јас сум додадена вредност во клубот и во репрезентацијата!

naslovna 197

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров во интервју за marilli.com.mk говори за тоа како пандемијата се одрази на професионалниот спорт, за иднината на македонскиот ракомет, за својата исклучително богата кариера, трнливиот и тежок пат до успехот, за предизвикот да се обиде да се докаже во една од најсилните лиги во светот – Франција, како и за ракометната школа „Кирил Лазаров 7" и за тоа каде ја гледа својата иднина кога ќе му заврши професионалната играчка кариера.

Издвојуваме дел од интервјуто:

МАРИЛИ: Како најдобар спортист во најпопуларниот спорт во Македонија, кажете ни како се работи во услови на кризата со ковид-19, како се тренира во Европа, односно во Вашиот клуб „Нант", а како во нашата земја и колку сегашните тренинзи и подготовки пред секој натпревар се разликуваат од оние што ги имавте пред пандемијата, односно колку го смени животот воопшто?

ЛАЗАРОВ: Многу специфична година во секој поглед. Не е воопшто лесно да се пронајде најдобриот начин за да се функционира успешно. Мислам дека најадаптибилните во оваа ситуација ќе излезат и најуспешни. Професионалниот спорт е на голем удар од пандемијата. Се надевам дека како што дојде пандемијата, така и ќе си замине и ќе продолжиме да функционираме како порано, со уште поголем ентузијазам и желба.

Се надевам дека по сите овие поминати тешкотии ќе проработи свеста кај луѓето и ќе функционираме многу „почовечки", ќе бидеме похумани и заеднички ќе го градиме општеството...

Година за заборав со надеж и желба дека ова брзо ќе биде минато...

МАРИЛИ: Колку подмладокот на македонската репрезентација е подготвен да го понесе товарот на одговорноста и очекувањата на домашната публика за пласман на ЕП 2022? Според Вашето мислење, каква е иднината на македонскиот ракомет?

ЛАЗАРОВ: Македонија сака спорт, сака ракомет. Спортот е нешто што како ретко нешто друго може да нѐ обедини како нација. Затоа се потребни инвестиции во спортот, особено да бидат поголеми во ракометот. Како македонскиот ракомет, така и македонскиот навивач е популарен во Европа и во светот, сите нѐ познаваат по нашиот менталитет и страст за квалитетен спорт и резултат. Во контекст на ова сакам да кажам дека, без оглед на смената на генерациите што доаѓаат, македонскиот ракомет треба да работи со уште посилно темпо, да се постават уште поголеми цели и да се работи тие да се реализираат. Не смееме да дозволиме македонскиот навивач да го оставиме без квалитетен национален тим што досега беше најголем промотор на нашата држава. Континуитетот треба да се задржи и да се постават нови повисоки цели и треба да се работи за да се исполнат...

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА:

Share