hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ подобар во дербито на шпанските тренери во Нант

lazarov protiv psg

Нант - ПСЖ 24:26 (11:12)

Второто соочување оваа сезона на Нант и ПСЖ им припадна на гостите од Париз, кои славеа на гостински терен со 24:26 (11:12) и го продолжија максималниот ефект во шампионатот. Дуелот на шпанските стручњаци на клупите во рамките од 11. коло му припадна на Раул, кој имаше подолга клупа за да го администрира цел натпревар.

Натпреварот долго време беше израмнет, но од финишот на првиот дел „светците" се одлепија и не ја испуштија предноста до самиот крај. По 10:8 за екипата на Нант во 24. минута, шампионот ја затвори одбраната и со голови на крилата направи серија 4-1, за минимална предност на полувреме (11:12).

Момците на Раул Гонзалез одлично го отворија вториот дел, Ремили и Хансен погодија во серија и веќе беше 11:15. Нант како да излезе од колосек и на тимот на Алберто Ентрериос му требаа десетина минути да се врати во ритам. Кога се чинеше дека ПСЖ рутински ќе го приврши натпреварот кон крај, Ниокас и Ривера погодија за 21:23 и тајм-аут на гостинската клупа. Сепак, ПСЖ „нагази", не дозволи враќање на домаќините и без драматика извојува победа од 24:26.

Најефикасни во тимот на ПСЖ беа Хансен со седум, новајлијата Штајнс со пет и Ремили со четири погодоци, а кај Нант се истакнаа Ниокас и Ривера со по пет гола. Нашиот Кирил Лазаров натпреварот го заврши со четири постигнати гола. Голема заслуга за победата има Жерар, автор на неверојатно 20 интервенции!

Со овие два бода ПСЖ се зацврсти на врвот со 22 бода, а Нант остана на петтото место со 13 бода.

Share